Корисничко име Лозинка Пријави се
20.5.2015

Менса суспендиран на четири месеци

Фудбалерот од Гана Џонатан Менса е суспендиран на четири месеци поради кршење на договорот од 2011 година, кога од Удинезе направи трансфер во францускиот Евијан.

Меѓународниот суд за арбитража во спортот соопшти дека ја поддржал одлуката на Меѓународната фудбалска федерација од јули минатата година да го суспендира Менса поради случај од 2011 година.
ФИФА тогаш одлучи да го суспендира Менса кој и покрај тоа што со договор бил врзан за Удинезе, направил трансфер во Евијан тврдејќи дека е слободен играч.
Според правилата на ФИФА, Менса ќе одработи еден месец од суспензијата додека не заврши сезоната во француската лига.
Ганецот тогаш ќе биде слободен играч, а преостанатите три месеци ќе ги отслужи на почетокот на новата сезона.
ФИФА соопшти дека Менса ќе може да игра следниот месец за Гана против Маврициус, на почетокот на квалификациите за Купот на африканските нации 2017 година.

Најнови вести