Корисничко име Лозинка Пријави се
18.5.2015

Ају: Си одам од Марсеј

Андре Ају, капитенот на Марсеј, изјави дека ќе го напушти клубот кога на крајот на сезоната ќе му истече договорот.

„Разговарав со претседателот и одлучив да си одам, тоа нема да се промени. Се обидовме да најдеме начин да останам, но тоа не беше можно ниту во спортска, но ниту во финансиска смисла“, изјави Ају за француските медиуми.
Тој додаде дека причините за тоа не се само од финансиска природа.
„Сакав клубот да биде поконкурентен во наредната сезона и да се бори за титулата, но тоа не е осигурено. Исто така, клубот не ми понуди еднаква плата како и досега“, додаде репрезентативецот на Гана.
Ају потекнува од Марсеј и од 2007 година до денес за клубот од „Велодром“ одигра 188 натпревари и даде 58 голови.
За националниот тим на Гана настапи 62 пати и постигна 11 погодоци.
За 25-годишниот фудбалер се заинтересирани Ливерпул, Њукасл и Рома.

Најнови вести