Корисничко име Лозинка Пријави се
16.3.2018

Повторно крваво во Билбао: Избодени редари, девојка повредена со факел

По хулиганите на Спартак од Москва, само по дваесетина дена во Билбао повторно беше хаос на улиците и на стадионот „Сан Мамеш“.

Овој пат дивееја хулиганите на Олимпик од Марсеј пред реваншот од осминафиналето на Лигата на Европа со домаќинот Атлетик, најлошо поминаа двајца редари и една девојка, но, за среќа, сега немаше жртви.
Педесет и седумгодишен редар бил примен во болница со убодни рани на вратот, додека неговиот дваесетгодишен колега бил ранет во раката.
Навивачите на тимот од „Велодром“, коишто важат за едни од најекстремните во Франција, хаосот и нередите од улиците го пренесоа и на стадионот фрлајќи предмети и факли на трибините под нив, а еден факел погодил и повредил една девојка.
Потоа полицијата влезе на трибините каде што беа сместени гостите и дојде до пресметка.
Марсеј славеше и во вториот натпревар и се пласира во наредната фаза.

Најнови вести