Корисничко име Лозинка Пријави се
  • БОЈА:
17.5.2018

Шоу на Гриезман во Лион, Атлетико повторно шампион на Лигата на Европа

Фудбалерите на Атлетико Мадрид ја освоија Лигата на Европа откако во финалето во Лион го победија Олимпик од Марсеј со 3-0.

Двата гола за шпанскиот тим ги постигна Антоан Гриезман, во 21-вата и во 49-тата минута, а во стрелците се запиша и Габи во 89-тата минута.
Атлетико по трет пат во последните осум години дојде до трофејот во Лигата на Европа, откако претходно најдобар беше во 2010 и во 2012 година, и осигури директна виза за Лигата на шампионите во наредната сезона.
Францускиот клуб подобро го почна натпреварот и првата голема шанса на натпреварот ја имаше уште во четвртата минута.
Валер Жермен излезе сам пред голманот на Атлетико, но многу лошо шутираше од добра позиција.
Атлетико постепено ја преземаше иницијативата и успеа да поведе во 21-вата минута, од првата шанса на натпреварот, но и по големата грешка на одбраната на Марсеј.
Стив Манданда, голманот на Олимпик, лошо ја удри топката, Андре Замбо Анжис уште полошо ја прими, а тоа го искористи Габи, кој ја украде топката и ја испрати до Гриезман, кому не му беше тешко да ја погоди мрежата.
Во 32-рата минута следуваше нов проблем за француската екипа - Димитри Паје поради повреда со солзи го напушти теренот.
Потоа опадна темпото на играта, а Атлетико ја контролираше играта на теренот. На самиот почеток на второто полувреме, во 49-тата минута Гриезман повторно ја затресе мрежата на Олимпико и практично стави точка на натпреварот.
Фудбалерите на Атлетико по аутот, брзо дојдоа до казнениот простор, каде што Коке го вработи Гриезман, кој убаво го совлада Манданда.
Марсеј никако не успеваше да му се закани на Атлетико сè до финишот на средбата, кога Костас Митроглу во 81-вата минута ја погоди стативата.
Но, Атлетико со третиот гол на натпреварот ги разреши сите дилеми. Стрелец беше Габи во 89-тата минута, по асистенцијата на Коке.

Најнови вести