Корисничко име Лозинка Пријави се
26.2.2018

Нејмар на носилки, лонгета на ногата – неизвесен за Реал

ПСЖ синоќа забележа голема победа над најголемиот ривал Олимпик од Марсеј, но Парижаните по натпреварот не се радуваа.

Нејмар Силва, најдобриот играч на „светците“на носилки беше изнесен од теренот во 77-мата минута, по незгодната повреда на глуждот на десната нога.
Иако се најавуваше дека би можело да го пропушти дербито поради болест, тој играше и беше двократен асистент.
Во последниот квартал од натпреварот, незгодно застана следејќи еден играч на Марсеј и со болка падна на теренот.
Неговата повреда го загрижи тренерот Унаи Емери, бидејќи ПСЖ за девет дена ќе го дочека Реал Мадрид во реваншот од осминафиналето на Лигата на шампионите, а мора да го надополни резултатот 3-1 од Шпанија.
„Ако би требало да го изберам својот тим сега, би рекол дека Нејмар ќе биде во него. На прв поглед изгледа дека глуждот е изместен. Тестовите ќе покажат, ние сме оптимисти“, изјави Емери.
ПСЖ и Марсеј повторно ќе се сретнат само по два дена, во среда ќе играат во четврт-финалето на Купот на Франција.

Најнови вести