Корисничко име Лозинка Пријави се
08.6.2018

Костарика без шанси против Англичаните, Исланѓаните киксираа

Фудбалската репрезентација на Костарика е поразена од Англија со 2-0 во претпоследната проверка пред почетокот на Светското првенство во Русија.

За разлика од Костариканците, на Англичаните тоа им беше последен натпревар пред Мундијалот, а е одигран во Лидс.
Водечкиот гол го постигна Маркус Рашфорд во 13-тата минута со извонреден удар од 25 метри, а Кејлор Навас на голот не можеше ништо да направи.
Конечниот резултат го постави Дени Велбек во 76-тата минута, по проигрувањето на Деле Али.
Костарика до почетокот на Мундијалот и натпреварот со Србија на 17-ти јуни, ќе игра уште една пријателска средба, и тоа со Белгија во понеделник.
Во првиот пријателски натпревар на денот, Јужна Кореја и Боливија во Инсбрук одиграа без голови.
Преостанатите два натпревари ги обележаа сигурната победа на европските шампиони и ремито меѓу Исланд и Гана.
Португалија на стадионот „Луж“славеше со 3-0 против Алжир, со двата погодока на Гонсало Гедес, а во стрелците се запиша и Бруно Фернандеш, додека на Жоао Марио му беше поништен голот во финишот.
Исланд водеше со 2-0 на полувремето, но на крајот не успеа да слави против Гана. Головите за Исланѓаните ги постигнаа Кари Арнасон и Алфред Финбогасон во шестата и во 40-тата минута, а потоа стрелци за Гана беа Касим Нуху и Томас Парти.
Исланѓаните се едни од ривалите на Хрватска во групната фаза на Мундијалот, покрај Аргентина и Нигерија.

Најнови вести