Корисничко име Лозинка Пријави се
23.3.2018

УЕФА ги казни ПСЖ и Марсеј поради навивачите

Дисциплинската комисија на УЕФА го казни ПСЖ со затворање на северната трибина на стадионот „Паркот на принцовите“, како и парично, поради прекршоците кои ги направија навивачите на францускиот клуб во текот на натпреварот од Лигата на шампионите со Реал Мадрид.

УЕФА го казни ПСЖ со 43 илјади евра и затворање на северната трибина на стадионот на следниот натпревар на овој клуб во Европа, а сето тоа поради однесувањето на навивачите на натпреварот против Кралскиот клуб, во кого фудбалерите од Мадрид победија со 2-1.
ПСЖ е казнет поради тоа што неговите навивачи палеа факли, ги блокираа премините на трибините, како и поради тоа што насочуваа ласери кон фудбалерите на гостинската екипа.
Казнет е и Олимпик од Марсеј, исто така поради неговите навивачи, кои во наредните два натпревари во европските натпреварувања нема да може да одат на гостувањата.
Навивачите на клубот од јужниот дел на Франција му направија проблем на Марсеј со насилничкото однесување на натпреварот од Лигата на Европа против Атлетик Билбао во Шпанија, а сега нема да може да купуваат влезници за два дуела, од кои едниот е против Лајпциг на петти април.
Марсеј е казнет и парично со 30 илјади евра, како и условно на две години ако се повторат престапите.

Најнови вести