Корисничко име Лозинка Пријави се
16.3.2018

Арсенал повторно го победи Милан, ЦСКА го совлада Олимпик во Лион

Фудбалерите на Арсенал се пласираа во четврт-финалето на Лигата на Европа откако во Лондон ја совладаа екипата на Милан со 3-1 (1-1).

Екипата на Арсен Венгер славеше со вкупен резултат 5-1, бидејќи во првата средба, во Милано, победи со 2-0.
„Росонерите“ поведоа на „Емирати“ во 35-тата минута, кога Чалханоглу со перфектен удар го матираше Оспина за 0-1.
Само четири минути подоцна, „топчиите“ изедначија по спорната одлука на судијата за Ериксен, кој одлучи по благиот дуел меѓу Ериксен и Велбек да покаже на белата точка.
Прецизен во изведувањето на пеналот беше споменатиот Дени Велбек. Со тој резултат заврши првото полувреме, а Милан не успеа да покаже подобра игра во вториот дел од натпреварот, па домаќините го искористија тоа.
Џака од 25 метри им донесе предност на „топчиите“, а конечниот резултат го постави Велбек во 86-тата минута.
ЦСКА приреди големо изненадување и го елиминира Лион. Иако „армејците“ беа поразени во Москва со 1-0, со головите на Голови, Мусе и Вернблум успеаја да остварат важна победа и со 3-2 да се пласираат во четврт-финалето.
„Лацијалите“ одиграа многу подобро пред домашните навивачи. Триумфот и пласманот на Олимпискиот стадион во престолнината на Украина го најави Лукас Леива во 23-тата минута, а Стефан де Вреј го потврди во самиот финиш на натпреварот.
Покрај Атлетико Мадрид, најлесно до место меѓу осумте најдобри дојде Олимпик од Марсеј откако и во вториот дуел (3-1) беше подобар од Атлетик Билбао – 2-1 (1-0). Дмитри Паје од пенал во 38-мата минута практично го реши прашањето кој ќе биде победник, а до крајот на средбата погодија уште Лукас Окампос за гостите, односно Ињаки Вилијамс за домаќините.
Во последниот натпревар, Салцбург успеа да ја зачува предноста од 0-1 против Борусија Дортмунд од првата средба и да се пласира во следната фаза.

Најнови вести