Корисничко име Лозинка Пријави се
03.11.2017

Евра како Кантона – нокаутираше навивач!

Патрис Евра, бекот на Олимпик од Марсеј, направи скандал пред натпреварот од Лигата на Европа откако удри навивач!

Поранешниот играч на Манчестер јунајтед во стилот на легендата на „црвените ѓаволи“ со нога удри еден навивач покрај теренот на гостувањето кај Гимараис во Португалија.
Како што пренесуваат француските медиуми, Евра половина час пред почетокот на натпреварот се судрил со навивачите на неговиот клуб, прво им пришол да се расправа, но ситуацијата брзо ескалирала и завршила со срамниот потег на фудбалерот.
Главниот судија му дал црвен картон на Евра пред почетокот на средбата, но тој натпреварот требало да го почне како резервен играч, па Олимпик на теренот сепак излезе со 11 фудбалери.
Потегот на Евра потсети на познатата кунг фу реакција на Ерик Кантона, кога бесен поради пцуењето на навивачите буквално со ножички удри еден фан на натпреварот со Кристал палас на „Селхурст парк“ во 1995 година.

Најнови вести