Корисничко име Лозинка Пријави се
04.11.2017

„Кикбоксерот“ Евра на нишан на УЕФА и на Марсеј

Европската фудбалска унија го обвини Патрис Евра, играчот на Олимпик Марсеј, за насилно однесување бидејќи пред натпреварот против Гимараис удри навивач.

Евра со нога го удри навивачот на неговиот клуб по кратката расправија покрај теренот во текот на загревањето за натпреварот во Португалија.
Главниот судија му покажа црвен картон, поради што ќе биде суспендиран најмалку на еден, а најверојатно на три натпревари во Европа.
Францускиот „Екип“ наведува дека навивачите на Марсеј, коишто биле одамна покрај теренот, во текот на загревањето го навредувале Евра.
Тој прво им пришол на навивачите да поразговара со нив, но ситуацијата многу брзо експлодирала, па Евра со нога удрил во глава еден навивач.
УЕФА, покрај постапката против Евра, покренала постапка и против Марсеј. Дисциплинската комисија за тој инцидент ќе одлучува на десетти ноември.
Фудбалскиот клуб Марсеј соопшти дека покренал внатрешна истрага за инцидентот.
Евра има 36 години, во Марсеј стигна изминатото лето по три години поминати во Јувентус, најсветлите моменти во кариерата ги доживеа во текот на осумте сезони во Манчестер јунајтед, а играше уште за: Монако, Ница, Монца и Марсала.
За репрезентацијата на Франција настапи 81 пат.

Најнови вести