Корисничко име Лозинка Пријави се
23.9.2013

Сандерленд го отпушти Ди Канио

Од фудбалскиот премиерлигаш Сандерленд вчера вечерта потврдија дека му врачија отказ на својот италијански менаџер Паоло ди Канио.

Италијанецот ја загуби работата по катастрофалниот старт на сезоната, односно учинокот од едно реми и четири порази од пет натпревари. Поради тоа, Сандерленд е последнопласирана екипа на премиерлигашката табела.
На крајот на минатата сезона Ди Канио ја спаси екипата од испаѓање. Ја презеде на 31-ви март од Мартин О’Нил.
Италијанецот е прв отпуштен тренер оваа сезона во Премиер лигата.

Најнови вести