Корисничко име Лозинка Пријави се
20.11.2017

Поранешниот селектор на Велс на клупата на Сандерленд

Крис Колмен, поранешниот селектор на репрезентацијата на Велс, е нов менаџер на англискиот второлигаш Сандерленд, соопшти клубот.

Колмен потпиша две и полгодишен договор со Сандерленд, а на клупата го замени Сајмон Грејсон, кој беше отпуштен на крајот на октомври поради лошите резултати.
Сандерленд минатата сезона испадна од Премиер лигата, а оваа година по 17 одиграни кола во Шампионат лигата, го зазема последното, 24-то место на табелата со осум бодови и само со една победа.
„Црните мачки“ вчера ремизираа со Милвол 2-2, а со овој резултат станаа прва екипа во историјата на англискиот фудбал која нема победено на 20 натпревари на домашен терен во сите натпреварувања.
Поради тоа, управата на клубот одлучила итно да ангажира тренер. Колмен е десетти тренер на Сандерленд откако во декември 2008 година Рој Кин ја напушти екипата.
Поранешниот селектор на Велс на клупата на Сандерленд ќе дебитира утре, во Бирмингам, против Астон вила.

Најнови вести