Корисничко име Лозинка Пријави се
04.4.2017

Мојс ѝ се заканувал на новинарка со шлаканица, па се извинуваше

Дејвид Мојс, менаџерот на Сандерленд, се извини поради заканата кон новинарката на Би-би-си дека ќе ѝ удрел шлаканица.

Камерите ја снимиле заканата на Мојс по ремито со Барнли минатиот месец, кога новинарката Вики Спаркс го прашала шкотскиот стручњак дали чувствува притисок поради доаѓањето на сопственикот на тимот Елис Шорт на натпреварот.
„Стана малку безобразна на крај, поради тоа внимавај. Би можела да добиеш шлаканица, иако си жена. Биди внимателна следниот пат кога ќе дојдеш“, ѝ рекол Мојс на новинарката со насмевка.
Поранешниот менаџер на Евертон и на Манчестер јунајтед изјави дека жали поради инцидентот и ѝ се извини на новинарката.
„Тоа беше во момент на бес. Длабоко жалам поради коментарот. Не сум таква личност. Ја прифаќам грешката што ја направив. Разговарав со новинарката и таа го прифати моето извинување. Вакви работи понекогаш се случуваат во напнати моменти. Знаете каков човек сум. Ние сме во индустрија каде што не успеваш секогаш да одговориш на прашањето како што сакаш. Тешко е да се излезе толку брзо пред камери по натпреварот“, изјави Мојс.
Сандерленд е последен во Премиер лигата со 20 освоени бода, осум помалку од сигурната зона, а денес гостува кај Лестер.

Најнови вести