Корисничко име Лозинка Пријави се
23.5.2017

Мојс веќе не е менаџер на Сандерленд

Дејвид Мојс поднесе оставка на местото менаџер на Сандерленд бидејќи клубот испадна од Премиер лигата, јавува Би-би-си.

Шкотскиот стручњак го известил Елис Шорт, претседателот на клубот, за неговата одлука на вчерашниот состанок во Лондон.
„Им посакувам на играчите и на новиот наследник многу среќа во напорите следната сезона да се вратат во Премиер лигата“, изјави Мојс за англиските медиуми по поднесувањето на оставката.
Мојс во неговата тренерска кариера работеше во: Престон, Евертон, Манчестер јунајтед, Реал Сосиедад, а во Сандерленд дојде во јули минатата година.
Сандерленд ја заврши сезоната на последното место само со 24 освоени бода.

Најнови вести