Корисничко име Лозинка Пријави се
29.11.2016

Ливерпул без Кутињо од пет до шест седмици

Филипе Кутињо, фудбалерот на Ливерпул, ќе паузира од пет до шест седмици поради повреда на глуждот, пренесоа британските медиуми.

Како што пренесе „Дејли мејл“, по лекарските прегледи е установено дека повредата не е толку сериозна колку што се мислело и бразилскиот фудбалер нема да мора да оди на операција.
Кутињо се повреди во саботата, во текот на натпреварот со Сандерленд (2-0), по судирот со противничкиот играч Дидие Н’Донг.
Тој оваа сезона постигна шест погодоци за Ливерпул.
Кутињо ќе ги пропушти првенствените натпревари против: Борнмут, Вест хем, Мидлсборо, Евертон, Стоук, Манчестер сити и Сандерленд, а во Ливерпул се надеваат дека ќе биде подготвен за дербито со Манчестер јунајтед на 15-ти јануари на „Олд Трафорд“.
По 13 одиграни натпревари во Премиер лигата, Ливерпул е втор на табелата со 30 бодови, колку што има и третопласираниот Манчестер сити, а прв е Челзи со еден бод повеќе.

Најнови вести