Корисничко име Лозинка Пријави се
25.5.2017

Дефо во Борнмут – 130.000 седмично, шест милиони фунти годишно

Џермејн Дефо, центарфорот на Сандерленд, и еден од најдобрите напаѓачи во историјата на Премиер лигата, од наредната сезона ќе настапува за Борнмут.

„Црните мачки“ испаднаа од елитата уште на средината на април, а триесет и четиригодишниот англиски репрезентативец постигна 15 од само 29 погодоци на клубот во Лигата.
Како што пренесува „Мирор“, поранешниот центарфор на Вест хем, Тотенхем, Портсмут и Торонто се договорил со Еди Хау, менаџерот на Борнмут, за тригодишна соработка, а според тие наводи, тој ќе заработува над шест милиони фунти годишно, односно 130.000 седмично.
Дефо се проби токму на стадионот „Дин Корт“, каде што како играч на заем од матичниот Вест хем постигна 18 голови на 29 средби, од кои дури 12 на десет последователни натпревари.
Момчето од Бектон е седми најдобар стрелец во историјата на најсилната лига на светот со 158 голови, додека дресот на „трите лава“ го носеше 56 пати и постигна 20 погодоци, а има шанси да се најде и меѓу патниците за Мундијалот во Русија наредната година.

Најнови вести