Корисничко име Лозинка Пријави се
14.11.2017

О’Нил: Ни треба поддршка од трибините

Мартин О’Нил, селекторот на фудбалската репрезентација на Република Ирска, пред реванш-натпреварот од баражот за Светското првенство во Русија против Данска изјави дека „дванаесеттиот играч“ има големо значење за неговата екипа.

Во првиот натпревар од баражот, Данска и Република Ирска ремизираа без голови, па денешниот дуел на „Авива центарот“ ќе го одлучи името на уште еден патник во Русија. Кога квалификациите ќе дојдат до еден натпревар, калкулациите ќе се сведат на минимум.
„Пред сè, важно е да се истакне дека навивачите се многу важни за нас. Ни даваат неопислива поддршка и долго време играме на нивните крила. Тоа не е обична фраза – тие се нашиот 12-ти играч“, изјави селекторот на Република Ирска.
„Што се однесува до тимот, можам да кажам дека момчињата работат одлично. Се обидуваме да се подготвиме. Дури и пенали вежбавме. Можеш да вежбаш што сакаш, но целата работа е потребно да се одработи во текот на вечерта, на натпреварот. Имаме луѓе кои се подготвени да ја преземат одговорноста и да изведат пенали, така што тоа е веќе пола работа. Набљудуваме како се чувствуваат играчите. И тие коишто играа во саботата се подготвени и физички и ментално“додаде О’Нил.
Во последните три години, навивачите секогаш се тука и многу добро разбираат што ни е потребно. Можам да гарантирам дека играчите ќе дадат сè од себе да ги направат среќни“, изјави О’Нил во најавата за натпреварот.

Најнови вести