Корисничко име Лозинка Пријави се
08.8.2013

Бернард потпиша за Шахтар

Украинскиот фудбалски првак Шахтар Доњецк го направи можеби најголемото изненадување на летниот преоден рок кога на Арсенал и Тотенхем од пред нос им го украде бразилскиот напаѓач Бернард.

Сега веќе поранешниот играч на Атлетико Минеиро беше голема желба на двата лондонски клуба, меѓутоа Бразилецот на крајот сепак се одлучи за трансфер во источна Европа. Шахтар на бразилскиот клуб му плати 25 милиони евра за 20-годишниот напаѓач, кој потпиша петгодишен договор.
Бернард неодамна со Атлетико го освои јужноамериканското издание на Лигата на шампионите, Копа Либертадорес, и беше дел од бразилската репрезентација која летово го освои Купот на конфедерациите.


Најнови вести