Корисничко име Лозинка Пријави се
23.7.2011

Ксамакс го избрка голманот по само еден одигран натпревар

Продолжуваат бизарните одлуки во швајцарскиот прволигаш, Ксамакс, откако во мај го купи чеченскиот тајкун Булат Чагаев. Во петокот по само еден одигран натпревар отпуштен е голманот Родриго Галато.

Бразилецот пред една недела дојде од Малага како слободен играч. Во првото коло на швајцарското првенство не се прослави, прими три гола на домашен терен против Луцерн, за што експресно беше „награден“ со отказ.

„Родриго Галато веќе не е член на нашиот клуб“, потврди во петокот спортскиот директор Сони Андерсон, некогашниот напаѓач на Барселона и Лион.

Само еден ден откако го презеде клубот Чагаев го отпушти тренерот Дидие Оле-Никола, три дена подоцна ја набрка и неговата замена, Бернард Шаланде, кој го спаси клубот од испаѓање, но го загуби финалето на Швајцарскиот Куп.

Освен тренерот, Чагаев ги отпушти речиси сите официјални лица на клубот и ги раскина договорите со сите дотогашни спонзори.

Најнови вести