Корисничко име Лозинка Пријави се
29.11.2011

Мансини осуден на затворска казна поради силување

Судот во Милано го осуди бразилскиот фудбалер Мансини на затворска казна од две години и осум месеци поради силување, пренесуваат италијанските медиуми.

Силувањето се случило минатата година за време на една забава во Милано, а жртва била една девојка од Бразил која во тој момент била под дејство на алкохол.
Забавата ја организирал неговиот тогашен соиграч Роналдињо.
Мансини моментно игра за бразилскиот клуб Атлетико Минеиро, а минатата сезона Интер му го даде на заем на градскиот ривал Милан.
Бразилскиот фудбалер претходно играше за Рома од 2003 до 2008 година, а во Бразил дресот го има носено и за Сао Каетано и Португеса.
Мансини за репрезентацијата на Бразил одигра шест натпревари.

Најнови вести