Корисничко име Лозинка Пријави се
18.7.2013

Копа Либертадорес: Олимпија има голема предност од два гола во финалето

Во првата финална средба на Копа Либертадорес (јужноамериканската верзија на Лигата на шампионите) фудбалерите на парагвајскиот клуб Олимпија од Асунсион на свој терен го победија бразилскиот Атлетико Минеиро со 2-0.

Алехандро Силва и Вилсон Питони ги постигнаа погодоците кои ја приближија нивната екипа кон голем успех. Секако, треба да се причека до реванш-натпреварот идната среда во бразилското Бело Оризонте. Атлетико предводен од Роналдињо ќе се обиде да го надополни минусот од два гола и да дојде, по прв пат во историјата, до шампионската титула на ова натпреварување.
Во 23-тата минута уругвајскиот фудбалер Силва успеа да ги надмудри гостинската одбрана и голманот Виктор, со што ѝ донесе предност на својата екипа. Олимпија и по постигнатиот погодок го диктираше темпото, напаѓаше, создаваше, но и пропушташе шанси. Сè до 94-тата минута, кога Питони постигна погодок од слободен удар.
Гостинот од Бразил одигра многу слаб натпревар, па таков беше и еден од нивните адути, Роналдињо, кој беше заменет во 65-тата минута. На самиот крај, во 90-тата минута, поради два жолти картони доби црвен играчот на Атлетико, Ришарлисон.

Копа Либертадорес, финале:

Олимпија Асунсион – Атлетико Минеиро 2-0 (Силва 23, Питони 90 4)

Најнови вести