Корисничко име Лозинка Пријави се
31.12.2013

Роналдињо пред трансфер во Бешикташ

Веќе долго време се зборува дека 33-годишниот некогашен бразилски фудбалски ас Роналдињо кариерата би можело да ја продолжи во турскиот Бешикташ.

Според информациите од турскиот печат, Роналдињо, наводно, досега дури три пати одбивал да дојде во турскиот клубот кој моментно се наоѓа на четвртото место на табелата.
Но, изгледа дека работите по тоа прашање се менуваат, па турскиот „Фанатик“ најави дека во јануари Роналдињо сепак би можело да потпише договор со клубот од Истанбул.
Роналдињо од јуни минатата година е член на Атлетико Минеиро, а договорот со екипата од Бело Хоризонте му истекува на 31-ви декември, што го прави посакувана цел за многу клубови во зимскиот преоден рок. Самиот Роналдињо, пак, сака да игра за да може идните месеци да се наметне кај бразилскиот селектор Луис Фелипе Сколари и на тој начин да осигури место во репрезентацијата на Светското првенство во Бразил.
Во Европа досега Роналдињо, во раниот дел од кариерата, играше за ПСЖ, Барселона и Милан.

Најнови вести