Корисничко име Лозинка Пријави се
29.11.2012

Роналдињо ќе продолжи со Атлетико Минеиро

Роналдињо, 32-годишниот некогашен најдобар светски фудбалер, одлучи да остане во Атлетико Минеиро, клубот во кој дојде во јуни оваа година потпишувајќи седуммесечен договор.

Според „Л’Екип“, Роналдињо потпиша едногодишно продолжување на соработката со актуелниот клуб, до 31-ви декември 2013 година.
Оваа сезона во бразилската Серија А Роналдињо постигна десет голови и 14 асистенции во 33 настапи.
Атлетико Минеиро му е трет бразилски клуб во кариерата, по Гремио и Фламенго. Во Европа ги бранеше боите на ПСЖ, Барселона и Милан.
На коло пред крајот клубот е на третото место во бразилската Серија А, со 69 бодови, осум помалку од новиот шампион Флуминенсе.

Најнови вести