Корисничко име Лозинка Пријави се
06.3.2013

Кака вратен во репрезентацијата, Роналдињо изоставен

Кака се враќа во фудбалската репрезентација на Бразил за пријателските средби против Италија и Русија, додека за тие дуели отпадна Роналдињо.

Селекторот Луис Фелипе Сколари не го повика Кака за пријателската средба против Англија на „Вембли“ минатиот месец, но по солидните игри во дресот на Реал Мадрид во минатите седмици, Бразилецот повторно заслужи репрезентативен повик.
Роналдињо не заслужи да биде повикан од другата страна, иако играше во споменатиот натпревар против Англија и утна пенал.
Триесетгодишниот Кака откако дебитираше во 2002 година, настапи во 85 натпревари за Бразил и постигна 28 погодоци.

Списокот со играчи на Бразил:

Голмани: Диего Кавалиери, Жулио Сезар. Одбранбени играчи: Дани Алвес, Данте, Давид Луиз, Деде, Филипе Луис, Марсело, Тијаго Силва. Играчи за врска: Фернандо, Ернанес, Жеан, Кака, Лукас Мура, Луис Густаво, Оскар, Паулињо, Рамирес. Напаѓачи: Диего Коста, Фред, Хулк, Нејмар

Најнови вести