Корисничко име Лозинка Пријави се
10.1.2014

Роналдињо продолжува со Атлетико Минеиро

Роналдињо, поранешниот најдобар играч на светот, сепак нема да игра за турскиот прволигаш Бешикташ.

Претседателот на бразилскиот клуб Атлетико Минеиро, Алешандре Калил, ја објави веста дека Роналдињо потпишал нов договор со клубот, откако на први јануари стана слободен играч. Роналдињо практично беше на прагот на турскиот Бешикташ, но сепак одлучи да ја продолжи својата верност кон клубот од Бело Оризонте.
„Навивачите се напорни, но човекот ги сака. Роналдињо потпиша нов договор“, изјави Калил.
Бразилецот минатата година беше клучна фигура во освојувањето на јужноамериканската верзија на европската Лига на шампиони – Копа Либертадорес.

Најнови вести