Корисничко име Лозинка Пријави се
01.11.2017

Ланус од 0-3 до финалето на Копа Либертадорес!

Фудбалерите на Ланус се првите финалисти на Копа Либертадорес бидејќи по големиот пресврт во реванш-натпреварот од полуфиналето го победија Ривер плате со 4-2 и го надополнија заостанувањето од еден гол од првата средба.

Ланус прв пат во клупската историја се пласира во големото финале, а во борбата за трофејот ќе се сретне со подобриот од дуелот меѓу бразилскиот Гремио и еквадорската Барселона. Гремио во првиот натпревар пред неговите навивачи славеше со 3-0.
По 23 минути од дуелот во Ланус, гостите од Буенос Аирес водеа со 2-0, со головите на Скоко и Монтиел, и никој на стадионот не веруваше дека може да дојде до епски пресврт.
Погодокот на Санд во последните моменти од првиот дел на натпреварот ја врати надежта кај домашните навивачи, а штом почна второто полувреме играчот го изедначи резултатот на 2-2.
Играчите и обожавателите на Ланус ги зафати еуфоријата, а погодокот на Акоста во 62-рата минута за 3-2 ја загреа атмосферата на трибината.
Фудбалерите на Ривер плате се обидоа да се соземат бидејќи и понатаму беа во предност поради повеќе постигнати голови во гости, но судијата Ролдан набрзо покажа на белата точка.
Сигурен од 11 метри беше Силва за незаборавно славење во Ланус.
Во преостанатите 20 минути на двете страни имаше многу нервоза, а поради две јавни опомени во судиското продолжение, беше исклучен гостинскиот фудбалер Фернандез.
Финалето на Копа Либертадорес се игра на 22-ри и на 29-ти ноември.

Најнови вести