Корисничко име Лозинка Пријави се
11.7.2013

Бенфика го донесе Аргентинецот Лисандро Лопес

Португалскиот вицешампион Бефика потврди дека потпишал петгодишен договор со дваесет и тригодишниот Лисандро Лопес.

Станува за збор за фудбалер кој има исто име и презиме како неговиот сонародник, познатиот напаѓач на Лион. Овој Лопес сепак игра на позиција одбранбен фудбалер, а во Португалија се пресели од Арсенал Саранди.
Досега има четири настапи за аргентинската репрезентација, а по доаѓањето во Лисабон изјави дека цел му е да се зацврсти во националниот тим.
„Ја одбрав Бенфика затоа што е еден од најголемите европски клубови и многу Аргентинци успеаја тука. Ако играм добро, би можел да добијам повик во репрезентацијата“, кажа Лопес.

Најнови вести