Корисничко име Лозинка Пријави се
21.5.2016

Бенфика ја освои двојната круна

„Орлите“ од Лисабон во голем стил завршија уште една трофејна сезона.

Само што ја прославија шампионската титула, фудбалерите на Бенфика синоќа славеа уште еден трофеј, овој пат во Лига Купот.
Тимот од Лисабон во финалето од овој натпревар го декласираше Маритимо со резултат од 6-2 и така стигна до новиот трофеј во натпреварот која беше последен во дресот на Бенфика за Ренато Санчес, кој е нов фудбалер на Баерн.
Жонас во 11-тата минута и Митроглу во 18 и 38-та минута со своите голови и донесоа огромна предност на Бенфика, а во финишот на полувремето резултатот го ублажи Диого на 3-1.
На четвртиот гол на Бенфика се чекаше до 77-та минута, кога погоди Гаитан, а потоа фудбалерите на Маритимо стигнаа до својот втор гол, преку Франсерџ од пенал, а во самиот финиш триумфот „орлите“ поубедлив го направија Жардел и Хименес од пенали за конечни 6-2.

Најнови вести