Корисничко име Лозинка Пријави се
08.3.2017

Лига на шампиони: Барселона пред најголемиот предизвик

Фудбалерите на Барселона се соочуваат со еден од најтешките тестови во клупската историја, ПСЖ има огромни 4-0 од првиот натпревар во осминафиналето на Лигата на шампионите.

Прашање на сите прашања е дали Каталонците се способни да го направат најголемиот пресврт некогаш виден во елитното натпреварување.
Да би бил некој друг клуб, не би било возможно да ги помине парижаните, но гигантот од „Камп ноу“ не знае за тој збор, посебно кога игра на неговиот голем терен и ја има магијата на големото трио Меси-Суарес-Нејмар.
Волшебниците на Барселона и покрај дебаклот во Париз, не ги напушта оптимизмот, за што е направен добар вовед и победа против Селта од 5-0, токму со резултатот што сите го посакуваат.
„Верувам дека можеме да произведеме чудо“, изјави Иван Ракитиќ, играчот за врска на Барселона, веројатно поради фактот дека Барселона оваа сезона во Лигата на шампионите на „Камп ноу“ ги наполни мрежите на Селтик (7-0), на Менхенгладбах (4-0) и на Манчестер сити (4-0).
Од друга страна, Парижаните се на прагот на првата елиминација на Барселона од третиот обид и потврда за големите вложувања на шеикот од Катар, но претходно одбраната на чело со закрепнатиот капитен Тијаго Силва ќе мора да заврши голема работа.
На програмата е и реванш-натпреварот меѓу Бенфика и Борусија Дортмунд, чија прва средба беше завршена со резултат 2-1.
Вниманието ќе биде свртено кон Пјер-Емеринг Обамејанг, одличниот голгетер на Борусија, и комплетниот напад на Германците, коишто оваа сезона во групната фаза поставија рекорд со 21 постигнат гол.
Ефикасни се и во последно време, постигнаа дури 12 погодоци во претходните три натпревари, но спроти нив ќе биде тимот со многу искуство во Лигата на шампионите и седум триумфи по ред во сите натпреварувања.
Едно е сигурно, сите четири тима од 20.45 часот гарантираат атрактивен и напаѓачки фудбал. Поинаку и не знаат да играат.

Најнови вести