Корисничко име Лозинка Пријави се
16.5.2016

Бенфика не ја дава круната

Фудбалерите на Бенфика втор пат по ред ја одбранија шампионската титула во Португалија.

„Орлите“ ја потврдија 35-тата шампионска круна дури во последното коло со убедливата победа над Насионал со 4-0. 
Бенфика третата титула по ред ја освои со два бода повеќе од градскиот противник Спортинг, кој во последното коло ја декласираше Брага со ист резултат.
Лисабонските тимови ќе играат сигурно во Лигата на шампионите, додека пак Порто ќе оди во квалификациите.
Брага ќе оди директно во Лигата на Европа, а Арука и Рио Аве во квалификациите. Од лигата испаднаа Унијао Мадеира и Академика.

Најнови вести