Корисничко име Лозинка Пријави се
24.1.2017

ПСЖ го доведе новиот Роналдо од Бенфика

ПСЖ се договори со Бенфика за трансфер на 20-годишниот крилен напаѓач Гонсало Гедес.

Португалските медиуми наведуваат дека Патрик Клајверт, спортскиот директор на ПСЖ, на „орлите“им платил 30 милиони евра, иако откупната клаузула била двојно поголема.
Гедес, кого многумина го споредуваат со Кристијано Роналдо, со „светците“ ќе потпише петгодишен договор.
Изминатите седмици се шпекулираше дека Гедес сакаат Монако и Манчестер јунајтед.
Оваа сезона постигна седум гола на 28 натпревари за Бенфика во сите натпреварувања, а има и два настапи за Португалија.

Најнови вести