Корисничко име Лозинка Пријави се
01.6.2017

Официјално: Мораес од Бенфика во Сити

Бенфика потврди дека се согласила да му го продаде нејзиниот голман Едерсон Мораес на Манчестер сити за сума од 40 милиони евра.

Едерсон во вторникот ги поминал медицинските тестови во Сити, а ќе потпише петгодишен договор со екипата на менаџерот Пеп Гвардиола.
Со тоа 23-годишниот голман ќе стане втор најскап чувар на мрежата во историјата, додека рекордот и понатаму е во рацете на Џанлуиџи Буфон, кој во 2001 година од Парма направи трансфер во Јувентус за 53 милиони евра. Претворено во фунти, Португалецот е и поскап бидејќи неговиот трансфер вреди 34,89 милиони фунти, а тој на Буфон 33 милиони британски банкноти.
Останува само англискиот клуб да го потврди трансферот на Едерсон, кој даде изјава во Португалија по враќањето од Островот.
„Многу сум среќен. Првите впечатоци се многу добри“, изјави голманот, кој пред Бенфика играше и за Рио Аве.
Сити со тоа го направи вториот трансфер по завршувањето на сезоната, а пред Едерсон на „Етихад“ стигна и Бернардо Силва, играчот за врска на Монако, за 43 милиони фунти.

Најнови вести