Корисничко име Лозинка Пријави се
24.11.2016

Гунеш: Чудо од натпревар

Натпревар за прераскажување синоќа во Лигата на шампионите одиграа Бешикташ и Бенфика. Португалскиот тим водеше со 3-0 по половина час игра на големата „Бешикташ арена“, но во вториот дел од натпреварот следуваше пресврт, кој можеше да биде и целосен.

Натпреварот меѓу Бешикташ и Бенфика заврши 3-3, само дополнително да ги зачини работите во групата Б. Португалскиот клуб и Наполи имаат по осум бодови и во последното коло играат еден против друг, додека Бешикташ, кој има бод помалку, ќе се сретне со Динамо од Киев.
„Му честитам на мојот тим за играта во второто полувреме. Толку сакавме да направиме пресврт на резултатот, и успеавме во тоа. Изгледаше како да го преспавме првото полувреме, а таа поспаност во борбата против Бенфика во продолжението на натпреварот максимално ни отежнуваше. Сега мораме да се одмориме, а нè чекаат натпревари и во лигата. Не е тешко да се пронајде мотив во ваквите натпревари, а многу ни помогнаа и навивачите. Мило ми е што со своето искуство може да им помогнам на соиграчите“, изјави Рикардо Кварежма, стрелецот на вториот гол за турскиот тим.
„Пред сè, мило ми е што нашите навивачи беа тука и дека ја сочуваа вербата во нас. Многу сме мотивирани да ја направиме историјата на овој клуб уште поубава. Во првото полувреме не покажавме ништо, но важно е дека успеавме да се вратиме по 3-0. Веќе во сабота нè очекува тежок натпревар со Башакшехир, но можам да кажам дека покажавме вистински борбен карактер во овој дуел“, изјави Венсан Абубакар, човекот кој го одлучи натпреварот и стрелец на голот вреден надеж во продолжението на приказната во Лигата на шампионите.
„По сè, можам да кажам дека нам ни е жал што извлековме само реми. Во првото полувреме ништо не функционираше. Се испаничивме кога примивме гол и му дозволивме на ривалот да господари со теренот. Во второто полувреме бевме она што сме. Ова беше чудо од натпревар, со Божја помош. Првото полувреме беше разочарувачко, но без оглед на сè, вториот дел од натпреварот покажа дека со причина сум исклучително горд на своите играчи. Мило ми е што навивачите не се грижеа за тоа што губевме 3-0 и што нè поддржуваа во текот на целиот натпревар. Се надеваме на победа во последното коло, но пред тоа ќе се свртиме кон натпреварите во лигата“, изјави по натпреварот Шенол Гунеш, тренерот на Бешикташ.

Најнови вести