Корисничко име Лозинка Пријави се
08.6.2017

Едерсон официјално во Сити за 40 милиони евра

Манчестер сити го доведе второто засилување за следната сезона, стигна голманот Едерсон де Мораес од Бенфика.

Граѓаните на гигантот од Лисабон му платиле 40 милиони евра за 23-годишниот Бразилец, кој одигра дури 37 натпревари за „орлите“.
Мораес во Бенфика стигна уште во 2015 година од Рио Аве, но вистинска шанса доби дури изминатата сезона и веднаш се истакна како еден од најталентираните голмани во Европа.
„Сè ми се допаѓа во Сити. Со Пеп Гвардиола Сити може да расте сè повеќе и повеќе. Создава млад тим пред кого е иднината. Тоа беа важни фактори за мојата одлука. Секогаш сум сонувал да играм во Англија и тој сон се оствари. Сити има неверојатен тим, следната сезона ќе се обидеме да ги освоиме сите трофеи“, изјави Мораес.
Бенфика нема да ги добие сите пари од овој трансфер, како и обично кога се во прашање играчите од Јужна Америка, 50 отсто ѝ припаѓаат на третата страна, иако со тоа се кршат одредени правила на ФИФА и на Премиер лигата.
Сити минатата сезона имаше доста проблеми со голманите. Гвардиола веднаш по доаѓањето се реши од долгогодишниот чувар на мрежата Џо Харт и го испрати на заем кај Торино, а од Барселона го доведе Клаудио Браво.
Но, тој не ги оправда очекувањата, па понекогаш бранеше и резервниот чувар на мрежата Вили Кабалјеро, посебно во финишот на сезоната.
Пред Мораес, Сити го доведе Бернардо Силва, дефанзивниот играч на Монако.

Најнови вести