Корисничко име Лозинка Пријави се
25.5.2016

Гајтан пред трансфер во Атлетико Мадрид

Аргентинскиот фудбалер Николас Гајтан е многу близу да прејде од Бенфика во Атлетико Мадрид.

Шпанските медиуми очекуваат овие денови двата клубови да го комплетираат трансферот вреден 25 милиони евра.
Гајтан во Бенфика пристигна во 2010 година од Бока јуниорс, а со години се шпекулираше за интересот на Манчестер јунајтед, но тој сепак не се пресели на „Олд Трафорд“.
Во меѓувреме тој за португалскиот клуб одигра 253 натпревари и постигна 41 гол, а беше и еден од носителите на играта во последните неколку сезони.
Португалските медиуми пренесуваат дека Гајтан плачел на клупата на Бенфика по натпреварот со Маритимо во петокот во финалето на Купот, што го протолкуваа како јасен знак дека ги напушта „орлите“.
Гајтан 12 пати играше за Аргентина и постигна два гола.

Најнови вести