Корисничко име Лозинка Пријави се
10.5.2016

Ренато Санчес во Баерн Минхен

Баерн го обезбеди првото засилување за следната сезона, станува збор за младиот фудбалер на Бенфика Ренато Санчес.

Ова момче премногу често беше поврзувано од страна на англиските медиуми со Манчестер јунајтед, одредени таблоиди одеа со огромни суми за него, се споменуваа дури од 60 до 70 милиони евра.
Нормално, тоа е премногу за еден 18-годишен фудбалер, тој денес е продаден за 38 милиони и тоа не на Манчестер јунјатед, туку на Баерн Минхен.
Баерн ги заврши сите формалности, Санчес од следната сезона ќе биде нивен играч, а интересно е дека ниту една шпекулација не беше поврзана за овој трансфер. 
Очигледно е дека челниците на Баерн мајсторски успеаја да сè да прикријат и со тоа покажаа дека имаат одлична трансфер политика, поголемиот дел од своите засилувања (вклучувајќи ги и тренерите) ќе бидат завршени пред почетокот на преодниот рок.
Се очекува уште Матс Хумелс да го потпише договорот со Баерн, а можно е договорот да се постигне во следните неколку дена. 
Инаку, во Баерн се воодушевени со новото засилување.
„Ренато е динамичен, технички талентиран играч за врска кој игра одлично во дефанзивата, секако ќе го засили нашиот тим“, изјави Румениге по потпишувањето на договорот. 

Најнови вести