Корисничко име Лозинка Пријави се
09.3.2017

Обамејанг: Најважен беше раниот гол

Пјер-Емерик Обамејанг, фудбалерот на Борусија од Дортмунд, изјави дека е пресреќен што неговиот хет-трик го одлучил реваншот со Бенфика во осминафиналето на Лигата на шампионите.

По поразот со 1-0 во Лисабон, Борусија славеше со 4-0 во реваншот, а трите гола во тој триумф ги постигна токму габонскиот интернационалец.
Со тоа неговиот тим по трет пат во последните десет години дојде до пласман меѓу осумте најдобри тимови во Европа.
„Беше важно добро да го почнеме натпреварот и рано да постигнеме гол. Бевме агресивни, но одеднаш помисливме дека победата сама ќе дојде. На полувремето разговаравме за тоа и рековме дека мораме да бидеме подобри. Пресреќен сум со трите гола, топката им оди на моите деца“, изјави Обамејанг.

Најнови вести