Корисничко име Лозинка Пријави се
19.10.2017

Мурињо за Свилар: Малиот е ѕвер, ќе биде голем

Жозе Мурињо изјави само пофални зборови за младиот српски голман Миле Свилар, кој направи кикс на натпреварот меѓу Манчестер јунајтед и Бенфика.

При слободен удар, Свилар наместо да ја отфрли топката, тој се обиде да ја фати, а потоа со неа влезе и во мрежата.
На младиот 18-годишен голман нема никој да му забележи за ваквиот кикс, а според зборовите на Мурињо, ќе биде голем голман.
„Ова дете е ѕвер. Во иднина ќе биде голем голман“, изјави Мурињо по натпреварот.
Тренерот Руи Виторија изјави дека повторно ќе го стави Свилар на голот и во наредното коло од Лигата на шампионите.
Бенфика пред домашната публика беше поразена од Манчестер јунајтед со 1-0.

Најнови вести