Корисничко име Лозинка Пријави се
28.1.2013

Јувентус потпиша со Анелка

Триесет и тригодишниот француски напаѓач Никола Анелка и официјално потпиша петмесечен договор со актуелниот италијански шампион Јувентус.

„Постигнавме договор со Анелка за следниве пет месеци со можност за потпишување нов договор во случај на обострана согласност. Тој доаѓа за да ни даде нова опција на позицијата на која Џовинко и Вучиниќ играа многу. Исто така, на неа ги имаме Матри и Квалјарела“, рече Џузепе Марота, спортскиот директор на Јувентус.
Анелка вчера ги помина лекарските прегледи, а денес се очекува да го потпише договорот.
Јувентус порано овој месец потпиша и со шпанскиот напаѓач Фернандо Љоренте од Атлетик Билбао, но тој во клубот ќе дојде дури на крајот на сезоната.
Анелка во Торино доаѓа од кинескиот Шангај Шенхуа, а Јувентус ќе му биде прв клуб од италијанската Серија А, во која сè уште не се обидел. Во својата богата кариера францускиот напаѓач играше за многу клубови. Покрај Шангај, тој ги бранеше боите и на: ПСЖ, Арсенал, Реал Мадрид, Ливерпул, Манчестер сити, Фенербахче, Болтон и Челзи.

Најнови вести