Корисничко име Лозинка Пријави се
10.1.2013

Анелка тренира со ПСЖ, можно е наскоро и да потпише

Поранешниот француски репрезентативец Никола Анелка би можел по трет пат во својата кариера да биде фудбалер на Пари Сен Жермен.

Франчускиот напаѓач во јануари 2011 премина од Челзи во редовите на кинескиот клуб Шанхај Шенхуа, но многу е незадоволен по две години минати во Кина.
Француските медиуми шпекулираат дека поради тоа што Анелка тренира со водечкиот клуб во Лига 1 за време паузата во кинеското првенство би можел да му се приклучи на ПСЖ до крајот на сезоната.
Триесет и тригодишниот Анелка како тинејџер играше за ПСЖ од 1996 до 1997 и од 2000 до 2002 година. По тоа играше и за Арсенал, Реал Мадрид, Ливерпул, Болтон, Манчестер сити, Фенербахче и за Челзи.
Анелка заедно со Дидие Дрогба беше напаѓачки тандем во тимот од Шангај, а како стојат работите, и двајцата би можело да се вратат во Европа на последен професионален ангажман пред да заминат во фудбалска пензија.

Најнови вести