Корисничко име Лозинка Пријави се
28.2.2014

Анелка казнет со пет натпревари

Фудбалскиот сојуз на Англија го суспендира Никола Анелка на пет натпревари, откако утврди дека напаѓачот на Вест Бромич направил расистички прекршок при прославување на голот.

Проблематичната прослава на голот Фудбалскиот сојуз ја оцени како антисемитски гест.
Анелка негираше дека правејќи го гестот кој во Франција се вика „кенел“ имал антисемитски намери. Тој потег се опишува како обратен нацистички поздрав.
Дисциплинската комисија на ФА, која оваа седмица го проучи случајот, одлучи да го казни некогашниот репрезентативец на Франција со суспензија на пет натпревари и 80.000 фунти.
Потегот во кој едната рака се испружува кон земјата, а со другата се допира рамото на испружената рака го измислил францускиот комичар Диодоне М’Бала М’Бала, кој неколку пати е осудуван за расна омраза и антисемитизам.

Најнови вести