Корисничко име Лозинка Пријави се
18.10.2017

Лестер го отпушти Шекспир

Лестер, шампионот на Англија од пред две сезони, го отпушти менаџерот Крег Шекспир по осум одиграни кола во Премиер лигата.

„Лисиците“ се наоѓаат во зоната за испаѓање само со шест освоени бода, а немаат славено во последните шест кола во Премиер лигата.
Шекспир е отпуштен по ремито од 1-1 со Вест Бромич во понеделникот, по четири месеци откако потпиша тригодишен договор со клубот.
Лестер во февруари го отпушти Клаудио Раниери, кој девет месеци претходно го одведе клубот до историската титула, но мораше да си оди по серијата од шест натпревари без победа.
Шекспир го презеде тимот во зоната за испаѓање и дојде до 12-тата позиција во Премиер лигата, доби осум од 16 одиграни натпревари во финишот на сезоната и играше во четврт-финалето на Лигата на шампионите.
Тоа му го донесе споменатиот повеќегодишен договор, но не се задржа долго. Лестер со него изгуби од Арсенал, Манчестер јунајтед, Челзи и од Ливерпул, а го победи сами Брајтон на средината на август.

Најнови вести