Корисничко име Лозинка Пријави се
  • БОЈА:
04.7.2018

Лестер прифати 80 милиони, Марез конечно во Сити

Алжирскиот фудбалер Ријад Марез конечно ќе го напушти Лестер и за 80 милиони евра ќе стане нов фудбалер на англискиот шампион.

Според англиските медиуми Лестер прифатил понуда која била поголема за 20 милиони од онаа која беше одбиена во зимскиот преоден рок поради која Марез едно време штрајкуваше.
Алжирецот покрај Џејми Варди беше најзаслужен за освојувањето на шампионската титула пред две години, а сега конечно ќе има друг предизвик во поголем клуб.
Пред Лестер Марез настапуваше за француските клубови Кимпер и Авр, а за алжирската репрезентација одигра 39 натпревари и постигна осум голови.

 

Најнови вести