Корисничко име Лозинка Пријави се
  • БОЈА:
10.8.2018

Со Манчестер Ј. – Лестер започнува англиското „лудило“

Чекањето заврши, почнува шоуто во Премиер лигата

Најтрофејниот англиски клуб Манчестер Јунајтед, на својот „Театар на соништата“ против Лестер, вечерва во 21 часот, ќе го означи стартот на 27 издание во Премиер лигата. Можеби највозбудливото и најатрактивното првенство во Европа, стартува прво во Топ 5 лигите на стариот континент. 
Манчестер Јунајтед секогаш е меѓу главните фаворити за највисок пласман, иако тимот во последниве неколку сезони игра под нивото кое го создаде легендарниот Сер Алекс Фергусон. 
Менаџерот на „црвените ѓаволи“, Жозе Мурињо најави дека е во дилема дали за овој меч ќе ги вклучи фудбалерите кои беа дел од Светското првенство во Русија, бидејќи добар дел од нив подоцна се приклучија на подготовките. Затоа неизвесни се Пол Погба, Џеси Лингард и Ромелу Лукаку. 
„Тие се вратија на тренинзите во понеделникот и само неколку дена се со нас. Немам претстава дали ќе функционираат добро. Сакам сите играчи да се чувствуваат подготвено за да играат“, рече Мурињо пред вечерашниот дуел. 
Освен овие кои подоцна се приклучија на екипата, во Манчестер има и многу повредени. На оваа листа се: Серхио Ромеро, Антонио Валенсија, Маркос Рохо, Диего Далот, Андер Ерера и Немања Матиќ. 
Менаџерот на Лестер, Клод Пуел засега не открива дали во составот ќе ги прклучи Џејми Варди и Хари Мегвајер кои беа дел од англиската репрезентација на Светското првенство во Русија. 
Овој меч секако е еден од најатрактивните за денеска. Во нашите обложувалници победа на Манчестер Јунајтед „вреди“ 1,53 коефициент, ремито е 4,05, додека триумф на гостите се вреднува со коефициент 6,50. 
Ако сакате да играте на голови, од 0-2 коефициентот е 1,80, додека за 3+ коефициентот е 2.00. Ако очекувате голеада, односно 4+, коефициентот е 3,60.   

ИНТЕРЕСНИ ФАКТИ
*    Манчестер Јунајтед е клубот кој има најмногу победи во првото коло од Премиер лигата, дури 17 до сега. 
*    „Црвените ѓаволи“ не се поразени на седумте последни средби против Лестер и имаат четири победи и три реми. Лестер се радувал против Манчестер само еднаш во последните 18 средби, во кои има претрпено дури 13 порази, а само четири пати ремизирал. 
*    Кога се игра на „Олд Трафорд“ меѓу овие ривали, домаќинот има седум победи и едно реми во последните осум средби. Во овој период Лестер дал само три гола на „Театарот на соништата“. 
*    Последен пат овие два клуба играле во првото коло во 1998 година и тогаш Манчестер на свој терен се спаси од пораз, бидејќи Лестер водеше со 2:0, а средбата на крај заврши 2:2. 
*    Само втор пат во историјата на елитната англиска лига, првиот меч се игра во петок. Лестер бил дел од двете средби. Лани Лестер загуби со 4:3 од Арсенал во средба одиграна во петок. 
*    Ромелу Лукаку дал четири гола на последните шест натпревари кои ги играл против Лестер, што значи дека доколку игра, белгискиот репрезентативец ќе биде главна опасност за голот на гостите. 

 

Најнови вести