Корисничко име Лозинка Пријави се
06.8.2018

Манчестер денеска руши еден светски рекорд

Се очекува „црвените ѓаволи“ да го купат најскапиот дефанзивец

Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Жозе Мурињо не се откажува од идејата во последен момент од овој летен преоден рок, на „Олд Трафорд“ да го доведе Хари Мегваер. Англискиот репрезентативен дефанзивец е член на Лестер, тим кој потенцираше дека нема шанси да го продаде доколку некој не плати светски рекорд за трансфер на играч од одбранбената линија. 
Моментно рекордот за трансфер на еден дефанзивец изнесува 75 милиони фунти, а го постави Ливерпул, кога во јануари го купи Вирџил ван Дијк од Саутемптон. Сега се очекува Манчестер на Лестер да му понуди барем 76 милиони фунти, за да успее да го доведе играчот кој блесна на Светското првенство во Русија, во дресот на Англија. 
Како опција во остварување на овој договор може да биде вклучен и Маркус Рохо, но можно е Лестер да бара само пари без додавање на играч. Мурињо летово е многу лут на челниците на Манчестер бидејќи не успеа да ги доведе играчите кои посакуваше, за да може да создаде тим кој ќе биде конкурентен во трката за титулата во Премиерлигата. 

 

Најнови вести