Корисничко име Лозинка Пријави се
18.7.2018

Челзи сака да го врати голманот Чех ако го продаде Куртуа

„Скај“ наведе дека Челзи е заинтересиран и за Каспер Шмајхел, голманот на Лестер.

Фудбалскиот клуб Челзи ја разгледува можноста за доведување на Петр Чех, голманот на Арсенал, во случај Тибо Куртуа да замине во Реал Мадрид, пренесе денес „Скај“.
Куртуа има уште една година од договорот со Челзи, а „Скај Италија“ во мај пренесе дека пропаднале преговорите за продолжување на кариерата.
Последните дена се шпекулира дека Куртуа речиси сигурно ќе направи трансфер во Реал, кој, наводно, за него понудил 55 милиони евра, а дека лондонскиот клуб ќе се согласи да го пушти.
Во Челзи би можело да се врати 36-годишниот Чех. Тој во 2004 година од Рен направи трансфер во Челзи, со кого освои четири шампионски титули во Премиер лигата и Лигата на шампионите. Чешкиот голман во 2015 година го напушти „Стемфорд бриџ“ и направи трансфер во Арсенал.
Унаи Емери, новиот тренер на Арсенал, минатата недела изјави дека преодниот рок за тој клуб е завршен, освен ако не се укаже некоја голема можност.
„Скај“ наведе дека Челзи е заинтересиран и за Каспер Шмајхел, голманот на Лестер.

Најнови вести