Корисничко име Лозинка Пријави се
30.12.2013

Скандалозната прослава на Анелка крена прашина на Островот

Никола Анелка, францускиот напаѓач на Вест Бромич, ја возбуди британската јавност со начинот на кој го прослави својот гол во премиерлигашкиот натпревар против Вест хем (3-3).

Својот прв од двата гола Анелка го прослави со гестот познат под името „ла квенеле“, кој во Франција се користи како обратен нацистички поздрав.
Францускиот напаѓач, поранешен играч на Челзи, Арсенал и Реал Мадрид, подоцна преку „Твитер“ објасни дека тоа било посветено на неговиот пријател, комичарот Диодоне. Станува збор за човекот кој споменатиот гест го популаризира во Франција и кој во повеќе наврати беше казнет поради своите антисемитски и расистички шеги воопшто.
„Гестот на Анелка е шокантна провокација. Нема место за антисемитизам на фудбалскиот терен“, изјави преку „Твитер“ францускиот министер за спорт Валери Фурнејрон.
По сето тоа, изгледа дека Анелка го чека истрага, а можна е и казна од Англискиот фудбалски сојуз.

Најнови вести