Корисничко име Лозинка Пријави се
08.12.2011

Наскоро ќе се реши судбината на Анелка

Клубот Шангај Шенхуа соопшти дека во следните пет дена ќе знае дали францускиот играч Никола Анелка ќе потпише тригодишен договор со клубот во кого наскоро тренер треба да стане Жан Тигана.

Клубот наведе дека напредуваат преговорите со Анелка, кому Челзи му даде дозвола од следниот месец да ја напушти екипата од Лондон.
Освен тоа, наведено е дека Тигана, поранешниот тренер на Бордо, Лион, Монако, Фулам и Бешикташ, е на самиот крај од преговорите да ја преземе екипата.
Се очекува дека некогашниот репрезентативец на Франција, освојувачот на Европското првенство 1984 година, ќе допатува во Шангај следната седмица со своите асистенти.
Унијата на тренери на Франција потврди дека Тигана се распрашувал кај нив кои асистенти би можело да одат со него во Кина.

Најнови вести