Корисничко име Лозинка Пријави се
14.10.2011

Челзи му понуди на Калу нов договор

Андре Вилаш-Боаш, менаџерот на Челзи, откри дека управата на клубот од „Стемфорд бриџ“ му понуди продолжување на договорот на напаѓачот Саломон Калу.

Исто како на Никола Анелка и Дидие Дрогба така и на Калу актуелниот договор му истекува наредното лето, а Вилаш-Боаш сака да ги задржи сите тројца.

Репрезентативецот на Брегот на Слоновата Коска во Челзи дојде во 2006 година од Феенорд за осум милиони фунти, а оттогаш прокнижи 146 премиерлигашки настапи и притоа постигна 35 гола.

„На Калу му е понуден нов договор и се надевам дека преговорите ќе продолжат во позитивна насока. Во јуни наредната година тројца напаѓачи ќе бидат слободни и со сите преговараме за нивната иднина. Преговорите ќе продолжат сè додека не се постигне договор или обратно. Фактот дека се емотивно врзани со клубот значи дека можеме да сметаме на нив за време на преговорите. Нивната верност никогаш не беше под знак прашалник“, рече Португалецот.

Најнови вести