Корисничко име Лозинка Пријави се
05.7.2013

Анелка потпиша за Вест Бромич

Францускиот 34-годишен фудбалер Никола Анелка од следната сезона ќе игра за Вест Бромич, со кого потпиша едногодишен договор со опција за продолжување на соработката на уште една година.

Анелка во последната година и пол беше член на Шангај Шенхуа, со тоа што кинескиот клуб во втората половина на минатата сезона го испрати на заем во Јувентус. Во богатата кариера искусниот напаѓач играше и за: ПСЖ, Арсенал, Реал Мадрид, Ливерпул, Манчестер сити, Фенербахче, Болтон и Челзи.
„Со Никола работев додека бев помошен тренер во Челзи. Има одлична работна етика, се грижи за себе и е голем професионалец. Кога сето тоа ќе го додадете на очигледниот талент што го поседува, мислам дека може да се покаже како најголемо засилување за нашиот клуб“, изјави Стив Кларк, менаџерот на Вест Бромич.

Најнови вести